Родри откри зошто му се јавил на Мурињо веднаш штом решил да оди во Барселона

by bojan
1 минути читање

Родри откри дека му се јавил на Жозе Мурињо кога одлучил да ја одбере Барселона наместо Реал Мадрид, сакал да му се заблагодари за интересот и начинот на кој се однесувал во преговорите.

Една од трансфер сагите изминатово лето беше зделката со која Родри го напушти Манчестер Сити и се пресели во Барселона.

Фудбалерот од средниот ред долго време се најавуваше како засилување за Реал Мадрид и Жозе Мурињо, но во последен миг на неговата врата тропнаа „каталонците“ и тој се реши за преселба на „Камп Ноу“.

Одредени извори тогаш пишуваа дека Жозе Мурињо е еден од виновниците поради кои Родри не завршил на „Бернабеу“, но самиот играч сега го демантира тоа, и открива дека му се јавил на „специјалниот“ веднаш откако донел одлука.

„Разговарав со Жозе Мурињо, но мислам дека не е во ред да се откриваат детали од приватен разговор“ – вели Родри.

„Тој многу јасно ми покажа колку сака да дојдам во Реал Мадрид, и ми објасни кои се неговите очекувања за доприносот што ќе го дадам на тимот. Разговорот беше одличен“.

„Па откако ја донесов одлуката, повторно му се јавив за да му се заблагодарам за интересот и за начинот на кој се однесуваше со мене“.

„Мислам дека е одличен тренер, тоа го има докажано каде и да работел. Реал Мадрид ќе биде многу тежок ривал оваа сезона“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×