Фудбалерите на
Ливерпул синоќа заедно го гледаа мечот помеѓу Челси и Манчестер Сити, Јирген
Клоп организирал дружба во хотел на тајна локација. „Сините“ со 2-1 славеа,
резултатот значеше шампионска титула за „црвените“ по 30 години, па забавате
можеше да почне.
Ливерпул следниот
натпревар го игра дури на 2. јули, па фудбалерите сигурно ќе можат да се опуштат во
следните денови. Енди Робертсон сака ден плус за прослава на титулата, па изјави
дека ќе почека Јирген Клоп да се опијани и да побара продолжен одмор.
„Требаше да
чекаме 13 недели (фудбалот беше прекината поради пандемијата на коронавирус),
тоа беа долги 13 недели полни со неизвесност. Но многу од нашите фанови мораа
да чекаат 30 години, па не можеме да се жалиме, ние чекавме многу помалку од
нив. Се надевам дека ќе уживаат вечерва, ние сигурно ќе уживаме. Го заслуживме
тоа“ – рече левиот бек.
Кога новинарката
му посочи дека можат да слават до раните утрински часови бидејќи следниот
натпревар е дури за една недела, Шкотот со насмевка на лицето одговори: „Се
уште се обидуваме да го убедиме шефот да ни даде два слободни дена. Мислам дека
ќе успееме, тој ќе испие уште некое пиво а ние ќе добиеме два слободни дена и
ќе можеме да уживаме во прослвата, забавата што туку започна“.
Andy Robertson: “We’re still trying to convince the gaffer to give us two days off.” br>
(via @BBCMOTD)pic.twitter.com/8pK46zUOiU— Squawka News (@SquawkaNews) June 25, 2020