Голема прашина
крена објавата на „Мундо депортиво“ каде до детал беше претставен договорот на
Лионел Меси со Барселона со сите детали од финансиски аспект, а астрономската
сума која Аргентинецот ја заработува донесе одредени полемики во јавноста.
Ел Мундо: Ова е договорот на Меси кој ја уништи Барселона, 555 милиони за четири години
Како и да е,
многумина застанаа во одбрана на првата ѕвезда на Каталонците, тврдејќи дека
самиот клуб има огромна заработка од тоа што го има во составот, како и
неговиот допринос низ годините, а легендата на клубот, Ривалдо смета дека овие
информации ги објавил некој што има лоши намери за Барселона, но и Меси.
Астрономската плата која ја добива Меси е оправдана, приходот кој го има Барса од него е неверојатен
„Протекувањето на
тие детали од договорот на Меси со Барселона оваа седмица воопшто не е добро,
сево ова е штетно како за клубот, така и за фудбалерот, но јас сметам дека не
треба да се заглавуваме на оваа тема и премногу да дебатираме на истата“ смета Ривалдо.
„Треба само да
запомнеме за сето тоа што самиот фудбалер го стори за клубот, неговата
посветеност беше на едно високо ниво долг период, во и вон теренот, не е
коректно да биде критикуван за некаков договор со кој си донел лична заштита“ додава тој.
„Некој решил да
ги објави тие информации јавно и извесно е дека тој што го сторил тоа има лоша
намера, веројатно да му наштети на клубот уште толку, кој и онака минува низ
еден турбулентен период, но и на Меси секако“ заклучи легендарниот фудбалер на Каталонците.
Бразилецот
истовремено наведе дека за очекување е Меси да си замине по крајот на
актуелната сезона, додавајќи дека и самиот тренер Роналд Куман се сомнева дека
тој ќе остане, а со сличен став е фаворитот за нов претседател на клубот, Жоан
Лапорта, кој претходно ја обавуваше таа функција.