Ришарлисон провоцира пред дербито: Ван Дајк не е ништо посебен, можам да ви набројам тројца подобри дефанзивци

by
1 минути читање

Во недела,
Евертон го пречекува Ливерпул во лутото градско дерби. Постоеа шанси,
„црвените“ на овој меч да стигне до пехарот од Премиерлигата кој го чекаат 30
години, но откако Манчестер Сити го победи Арсенал со 3-0, нема да гледаме
шампионско славје на овој ден.

Сепак, тоа не
значи дека пресметката на Гудисон Парк нема да биде интересна, Евертон сигурно
ќе сака да му зададе удар на локалниот ривал и дополнително да ја одложи
прославата.

Дека може да очекуваме
возбудлив дуел, навестуваат коментарите на Ришарлисон кој реши да го „пецне“
Вирџил ван Дајк.

Холанѓанецот важи
за еден од најдобрите дефанзивци во светот, минатата сезона ја одигра на врвно ниво
и беше прогласен за најдобар фудбалер според УЕФА пред Лео Меси и Кристијано Роналдо, а малку фалеше да ја добие и
престижната „Златна топка“, која ја загуби од Лео Меси само за неколку гласа.

„Луѓето зборуваат
многу за него, да, се работи за добар дефанзивец, но не е ништо посебен, го имам
издриблано. Беше избран помеѓу тројцата најдобри во светот и имаше одлична
сезона, но јас сметам дека има неколку подобри дефанзивци од него и веднаш
можам да ви ги набројам: Тиаго Силва, Маркињос и Серхио Рамос“
– порача напаѓачот
на Евертон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани