Ришарлисон ги објасни солзите против Боливија: Имаше луѓе кои ги интересираа само моите пари…

by
2 минути читање

Минатото лето,
Ришарлисон се пресели во Тотнем во трансфер вреден 60 милиони фунти, но се мачи
со голгетерската форма во Северен Лондон и до овој момент има само еден гол зад
своето име.

Изминативе
денови, на дуелот помеѓу Бразил и Боливија, камерите го уловија Ришарлисон на
клупата со солзи во очите.

Напаѓачот сега
откри дека долг период имал лични проблеми надвор од терените кои влијаеле врз
неговите перформанси, и најави дека по враќањето во Англија ќе побара помош од психолог.

„На теренот, јас
сум среќен тимски играч, се обидувам да помогнам колку можам но некогаш
работите не одат како што посакуваме. Сепак, одредени случувања надвор од
терените ме извадија од баланс. Но бурата помина“
– вели Ришарлисон.

„Поминав низ
турбулентен период, особено во последните пет месеци. Сега работите се добри
дома. Луѓе кои беа заинтересирани само за моите пари, си заминаа. Убеден сум
дека сега ќе влезам во добра серија во Тотнем“.

„Тагата против Боливија
не беше поради тоа што одиграв слабо, барем јас мислам дека не бев толку лош, едноставно
ми се собраа многу работи од случувањата надвор од терените, кои не беа во моја
контрола, туку од страна на луѓе блиски до мене“.

„Кога ќе се
вратам во Англија ќе побарам помош од психолог, да поработам малку на
психолошки аспект. Планот е да се вратам посилен и да влезам во добра серија во
Тотнем“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани