Ријека ремизираше со Хајдук и му ја предаде титулата на Динамо

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Динамо Загреб ја потврдија шампионската титула во Хрватска уште на четири кола пред крајот на сезоната, откако создадоа недостижна предност од 12 бода пред Хајдук Сплит, со подобар меѓусебен биланс.

За загрепскиот гигант ова е вкупно 26-та титула во националниот шампионат, со што повторно се враќа на тронот по едногодишна пауза, откако минатата сезона Ријека успеа да ја прекине нивната долгогодишна доминација.

Патот до титулата дополнително им го олесни и ремито без голови меѓу Ријека и Хајдук (0-0), резултат што значеше дека сплитскиот клуб ги загуби и теоретските шанси за првото место. Така, славјето во Загреб започна уште пред натпреварот на новиот шампион против Вараждин.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×