Ријека му ја „украде“ титулата, ама му донесе на Динамо 20 милиони!

by 24 фудбал
1 минути читање

Иако остана без шампионската титула во Хрватска, Динамо Загреб сепак има голема причина за задоволство. Благодарение на триумфот на Ријека во финалето на Купот, „модрите“ добија директен билет за групната фаза од Лига Европа и сигурна заработка од најмалку 20 милиони евра!

Ријека синоќа го совлада Славен Белупо (1-1, 1-0 по продолженија), освои двојна круна и на тој начин му ја отвори вратата на Динамо за второто најсилно европско натпреварување. Доколку трофејот завршеше кај Славен Белупо, тогаш Динамо ќе мораше да игра квалификации за Конференциската лига и тоа од второто коло.

Вака, екипата од Максимир не само што ќе инкасира значајна сума, туку ќе има и далеку полесно лето – без напорни квалификации, со фокус на подготовки и засилувања.

Дополнително, Динамо го зазеде и местото на Челзи во Лига Европа. Англискиот гигант ја освои Конференциската лига, но бидејќи претходно веќе обезбеди пласман во Лигата на шампиони, ослободено беше едно место кое сега оди кај „модрите“.

Фото: Sofiane Marie/GNK Dinamo

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани