Ријека го освои и хрватскиот куп, пораз за Несторовски!

by riste
1 минути читање

Риjека со 1-0 го победи Славен Белупо во вториот натпревар од Купот на Хрватска и со вкупни 2-1 триумфираше во ова натпреварување со што ја завери двојната круна.

Единствениот гол на мечот падна во 60. минута кога Наис Џуахра погоди за водство на Риjека од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Мечот беше тензичен, во финишот се случи и тепачка меѓу двете екипи, а на теренот беше фрлено и шише кое го погоди играчот Иван Чубелиќ во глава.

Илија Несторовски го одигра целиот натпревар за Славен Белупо, но не успеа да постигне гол.

Пехарот го крена нашиот Јован Манев кој мечот го проследи од клупата за резерви, не влезе во игра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани