728
На вчерашниот меч против Еспањол, Антонио Ридигер заработи повреда која ќе го одалечи од теренот 20 дена.
На Ридигер му е дијагностицирана повреда на феморалниот бицепс. Прогнозите се дека ќе отсуствува околу 20 дена.
Тоа значи дека ќе го пропушти големото дерби против Атлетико Мадрид, како и првиот меч против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.