2,2K
Фудбалската федерација на Шпанија ги соопшти казните за Антонио Ридигер и Лукас Васкез од класикото против Барселона.
Ридигер во финишот од мечот полуде, го гаѓаше судијата со мраз и тргна да го нападне, но беше спречен од соиграчите.
Германскиот дефанзивец доби суспензија од шест натпревари. До крајот на сезоната има уште пет меча, а сезоната за Ридигер ионака е завршена поради повреда.
Тој ќе биде суспендиран и еден натпревар од новата сезона, па тоа ќе биде единствениот кој навистина ќе го пропушти.
Васкез доби суспензија од два натпревари, за Белингем немаше казна.