Рибери направи дар-мар но Лацио со сомнителен пенал се врати во живот и со пресврт ја победи Фиорентина (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Бјанкочелестите“ остануваат на -4 во однс на Јувентус, вечерва избраниците на Инѕаги се вратија од гол негатива против Фиорентина и славеа со 2-1.

Рибери направи дар-мар во одбраната на Лацио на средината од првото полувреме и донесе 0-1. На стартот од вториот дел, „виолетовите“ имаа две одлични шанси за зголемување на предноста но не реализираа.

Лацио се мачеше но дојде до изедначување преку сомнителен пенал. Каиседо беше соборен од голманот Драговски, но напаѓачот на Лацио почна да паѓа уште пред да дојде до контакт, кој беше минимален.

Имобиле ја превзеде одговорноста и погоди од белата точка за 1-1. Трите бода ги донесе Луис Алберто во 83. минута со прецизен шут по земја од врвот на шеснаесетникот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×