„Експрес“ пишува
дека третолигашот во Англија, Вимблдон сериозно размислува да ја именува Ема Хејс
за нивен шеф на стручниот штаб, а доколку тоа се реализира, таа ќе стане првата
жена тренер во фудбалот во конкуренција кај мажите.
Хејс во моментов
го предводи женскиот тим на Челси, а истото го прави со големи успеси откако
запиша рекорд од 33 натпревари без пораз во женската суперлига на Островот,
изминатиот викенд нејзините избранички славеа убедлива победа од 4-0 над
Тотнем.
44 годишната Хејс
има неверојатен учинок на клупата на Челси каде беше именувана за тренер во
2012 година, со тоа што има освоено две титули во лигата, како и две титули во
ФА купот, а ланската сезона го подигна и трофејот во Лига купот.
Инаку Вимблдон во
моментов е на 21 позиција во Лига Еден, позиција со која во моментов се сели во
понизок ранг, а очајната форма на оваа екипа со само една победа во последните 13 меча го натера раководството да ја „освежи“
клупата во надеж за подобри резултати во периодот кој претстои.