Револуција на Светското клупско првенство: Судиите ќе имаат камери, ново правило за голманите

by Стефан
1 минути читање

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска објави дека судиите на претстојното Светско клупско првенство ќе бидат опремени со камера на своето тело и ќе се применува новото правило во борба против губењето време кога топката е кај голманите.

„Судиите на натпреварите ќе носат камери како дел од експериментална фаза. Тестот е одобрен од ИФА“, тело кое ги надгледува правилата на игра.

Претседателот на судискиот одбор на ФИФА, Пјерлуиџи Колина верува дека ова е добра прилика да се понуди ново искуство на гледачите благодарение на сликите снимени од преспектива која досега не била понудена.

„Очекувам оваа иницијатива да се покаже како добро затоа што важно е да се ставиме на местото на судијата за време на натпреварот и моментите во кои носи одредени одлуки“, објасни Колина.

Исто така судиите ќе го применуваат и новото правило според кое ако голманите ја држат топката повеќе од осум секунди, судијата ќе даде знак за корнер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани