Ренетињо е ново име во редовите на Тиквеш

by Стефан
0 минути читање

Фудбалерите на Тиквеш продолжија со комплетирање на ростерот за новата сезона, а ново име во Кавадарци е Бразилецот, Жоао Габриел Фереира Сантос – Ренетињо.

Во прашање е млад 21-годишен десен бек со одлични технички квалитети.

„Млад, технички квалитетен и гладен за успех, тој доаѓа во Кавадарци за да биде дел од новото поглавје на ГФК Тиквеш. Веруваме дека со својата енергија, талент и посветеност ќе придонесе за успесите што ги градиме заедно“, објави Тиквеш.

Во првото коло од првенството, Тиквеш славеше сигурна победа против Арсими победувајќи на свој терен со убедливи 5-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×