179
Интер одлично го почна мечот против Рома, со гол на Де Вриј уште во 15. минута дојде до водство од 1-0, но пред самиот крај на првото полувреме домаќините преку Спинациола израмнија на 1-1.
Брзо по почетокот од второто полувреме Интер повторно даде гол, но погодокот на Лаутаро Мартинез му беше поништен поради офсајд.
Само три минути по поништениот гол на Интер, Рома поведе со погодок на Мхитарјан кој реализираше за комплетен пресврт и водство на волчицата од 2-1.
Во финишот од мечот Спинацола направи глупава грешка, евтин прекршок за пенал кој го реализираше Лукаку за конечни 2-2.
Интер сега има пет бода зад Јувентус, „старата дама“ има и меч помалку, утре го пречекува Лацио.