Регилон промовиран во Атлетико Мадрид: Не знам дали ќе славам гол против Реал… ќе видиме

by
1 минути читање

Во последните
денови од преодниот рок, Атлетико го донесе Серхио Регилон на позајмица, голем
дел од навивачите не го одобруваат трансферот поради минатото на левиот бек со
Реал Мадрид и одредени зајадливи коментари.

„Доколку погледнам
од перспектива на навивачите, ги разбирам коментарите, ривалството постои,
разбирам дека не ме сакаат поради моето минато. Но јас го сакам најдоброто за
Атлетико исто како и тие, и мислам дека како одминува времето, ќе се заборави
ова. Кога ќе видат дека гинам на теренот со дресот на Атлетико, мислам дека ќе го променат
мислењето“
– рече Серхио Регилон на промоцијата.

„Кога ми се јави
агентот и ме извести за интересот на Атлетико Мадрид, веднаш кажав ДА, и му
порачав да стори се што може за да се реализира зделката и тоа што е можно
побрзо. Бев многу среќен, трансферот беше договорен за 48 часа“.

Запрашан дали ќе слави
доколку постигне гол против Реал Мадрид, Серхио Регилон вели: „Колку погодока
имам постигнато во Ла Лига? Три? Мислам дека мали се шансите да постигнам гол
против Реал Мадрид, но не знам дали ќе славам, ќе видиме како ќе реагирам во тој
моменнт“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×