Реал Мадрид се
рехабилитираше по шокантната елиминација од Копа Дел Реј со побада на Местаља.
Избраниците на Зинедин Зидан прикажаа партија која доликува на шампионот на
Европа и Шпанија и од гостувањето кај Валенсија се враќаат со три бода и победа
од 1-4.
Со двата гола на
Роналдо од пенал, во 16 и 38. минута,
„Кралевите“ заминаа на полувреме со предност од 0-2.
Санти Мина
погоди по еден час игра и најави интересна завршница, но Реал Мадрид не дозволи
противникот целосно да се врати во игра.
По едно двојно
додавање помеѓу Асенсио и Марсело, левиот бек биеше низ нозете на домашниот голман и ја
затресе мрежата за 1-3 во 84. минута, а точка на натпреварот стави Крос по една
одлична акција во 89. минута. Ковачиќ асистираше со пета, а Геманецот во свој
стил од работ на шеснаесетникот пласираше во долниот десен агол.