Тренерот Иманол Алгуасил потврди дека по завршувањето на тековната сезона, ќе го напушти Реал Сосиедад, ставајќи крај на својата успешна шестгодишна ера во клубот од Сан Себастијан.
Алгуасил, кој ја презеде клупата во 2018 година, успеа да го претвори Реал Сосиедад во стабилен и конкурентен тим, враќајќи го во европските натпреварувања и освоијќи го Купот на Кралот во 2020 година. Под негово водство, клубот разви препознатлив стил на игра, кој донесе нова димензија на амбиција и стабилност во редовите на тимот.
Иако неговото време во клубот се ближи кон крајот, Реал Сосиедад сè уште има шанса да обезбеди шесто место на табелата, што ќе им обезбеди учество во европските натпреварувања и ќе ја заврши сезоната на достоинствен начин.
Клубот и навивачите му се заблагодарија на Алгуасил за долгогодишната посветеност и успехите постигнати под негово водство, а во новата сезона тимот ќе го предводи нов тренер.
ℹ Imanol Alguacil ha comunicado al Club que no continuará dirigiendo el equipo la próxima temporada.
— Real Sociedad Fútbol (@RealSociedad) April 24, 2025