Реал со сомнителен пенал во финишот го скрши отпорот на Ваљадолид и ги однесе бодовите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид барем
24 часа ќе биде на врвот на табелата во Ла Лига откако вечерва со 0-2 славеше
на гостувањето кај Ваљадолид.

Избраниците на Карло
Анчелоти долго време се мачеа и го скршија отпорот во финишот на натпреварот кога добија сомнителен пенал. По еден прекин, Рудигер шутираше со глава,
топката го удри во рака Хави Санчез, кој беше свртен со грб и не гледаше каде е
топката.

Судијата со ВАР
покажа на белата точка, одлуката не им се допадна на домаќините, кои останаа со
играч помалку откако Леон претера со протестите.

Карим Бензема
превзеде одговорност и погоди за 0-1 во 83. минута од мечот. Пет минути подоцна, Французинот по втор
пат ја затресе мрежата и ги реши сите дилеми.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани