154
Осасуна оваа сезона
можеби игра слабо, но гостувањата во Памплона често знаат да бидат незгодни.
Сепак, избраниците
на Зинедин Зидан вечерва ја оправдаа фаворитската улога и со три бода си заминуваат
дома.
Резултатот го
отвори Роналдо во 24. минута, а десет минути подоцна Леон изедначи на 1-1.
Иско во 62.
минута одново ги донесе „Кралевите“ во водство а точка на натпреварот стави
Васкез во последните мигови од средбата.