Реал продава фудбалер на Манчестер јунајтед, за на Мурињо да му донесе засилување од Челси

by bojan
1 минути читање

Новинарот Бен Џејкобс вели дека Реал Мадрид ова лето сигурно ќе се обиде да го ангажира Енцо Фернандез од Челси, а за да се реализира зделката, можно е „кралевите“ да го жртвуваат Орелиан Чуамени.

„Кралевите“ веќе му донесоа четири засилувања на Жозе Мурињо – Марк Кукуреља, Бернардо Силва, Ибрахима Конате и Дензел Дамфрис, но Португалецот бара барем уште две, централен дефанзивец и фудбалер од средниот ред.

Се говори дека Енцо Фернандез од Челси е една од желбите на „специјалниот“, а како што објаснува новинарот Бен Џејкобс, само прашање на време е кога Реал ќе тропне на вратата на Челси.

Но тој вели дека во моментов има две клучни дилеми, првата е дали може да одвои 120 милиони фунти (околу 140 милиони евра), колку што бара Челси за Аргентинецот, и втората е дали ќе мора да се жртвува некој од тимот за да се обезбедат средства за толку голема зделка.

Бен Џејкобс вели дека Орелиан Чуамени би можел да биде продаден на Манчестер јунајтед во зделка вредна околу 70 милиони фунти, и на тој начин да се покрие најголемиот дел од трансферот на Енцо Фернандез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×