Реал потроши 150 милиони за талентирани фудбалери но Анчелоти е загрижен: Никој не може да го замени Касемиро!

by
1 минути читање

Касемиро е пред
трансфер на Олд Трафорд, голем број на извори пренесуваат дека само прашање на
време е кога ќе пристигна официјалната потврда.

Како што пишуваат
медиумите од Шпанија, Карло Анчелоти е загрижен од најавите за трансфер на
Бразилецот.

Тренерот на Реал
Мадрид смета дека Касемиро е клучна алка од средниот ред и не може да биде
заменет, барем не на краток рок.

„Анчелоти верува
дека Касемиро е незаменил на краток рок“
– пренесува новинарот Еду Агире.

Реал Мадрид
изминативе две години потроши 150 милиони евра за ангажман на Едуардо Камавинга
и Орелиен Чуамени, но очигледно Карло Анчелоти смета дека младите Французи се
уште не се на нивото на Касемиро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×