19 годишниот
офанзивен фудбалер е под договор со „граѓаните“ до 30. јуни и одлучи да не ја
продолжи верноста со Манчестер Сити веднаш штом доби понуда од големиот Реал
Мадрид да се врати во Шпанија.
По ваквиот развој
на настените, двата клуба седнаа на маса да најдат заеднички јазик за Брахим
Диаз уште во јануари да замине од Етихад. Според пишувањата на Марка, Реал
Мадрид и Манчестер Сити сега си подале рака за трансфер вреден 15 милиони евра, плус
бонуси.
Сумата е прилично
висока ако се земе во предвид дека „кралевите“ веќе во јули можат да го добијат
играчот за без пари. Но шампионот на Европа сака да задржи добар однос со
Манчестер Сити, а и не сака да ризикува друг клуб да се замеше и да им ги
помати сметките.
Па Брахим Диаз ќе
биде првото засилување за Реал Мадрид во јануари во последните четири години.
За последен пат „кралевите“ пазареа во зимскиот преоден рок во 2015, кога за
клубот од Бернабеу потпишаа Лукас Силва, Марко Асенсио и Мартин Одегард.
Од овие три имиња
како полн погодок се покажа ангажманот на Шпанецот, кој важи за еден од најперспективните
играчи во Европа и сега се проценува на преку 100 милиони евра, а беше платен нешто
под 4 милиони евра.