Реал плаќа 70+ милиони за 16 годишниот Ендрик, дали „кралевите“ се откажуваат од Халанд?

by
1 минути читање

16 годишниот
Ендрик е новото чудо од дете, најголемите клубови од Европа нема да штедат за
да го ангажираат и последните информации велат дека Реал Мадрид е многу блиску
до трансфер на напаѓачот.

Новинарот
Фабрицио Романо објави дека е подадена рака за зделка вредна повеќе од 70 милиони
евра, постигната е согласност и за личните услови на момчето, па сега се пеглаат деталите и се
подготвуваат договорите.

Ендрик ќе остане
во Палмеирас на позајмица и ќе се пресели на „Бернабеу“ летото во 2024, кога ќе наполни 18
години.

Претходно се
пишуваше дека еден од условите кои ги поствил Ендрик е да не биде во ист клуб
со Ерлинг Халанд, Бразилецот сметал дека неговиот прогрес ќе биде значително забавен
доколку треба да се натпреварува со Норвежанецот за место во форот.

Ерлинг Халанд има
откупна клаузула која се активира летото во 2024, претходно се пишуваше дека таа клаузула е особено поволна за Реал Мадрид и дека „кралевите“ размислуваат да ја активираат, па останува да се види дали ангажманот на
Ендрик ќе значи откажување од Норвежанецот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×