Серхио Рамос поради суспензија од трибините го следеше денешниот меч меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, одбраната без него беше во ужасно издание.
Рафаел Варан кој не важи за киксер, денеска го имаше својот најлош меч во кариерата.
Французинот најпрво направи огромна грешка во деветата минута, му подари топка на Габриел Жесус кој асистираше до Стерлинг за водство на Манчестер Сити од 1-0.
По една одлична акција во 28. минута Бензема постигна гол со глава за израмнување на 1-1.
Во 68. минута уште еден голем кикс на Варан, овој пат го искористи Габриел Жесус кој погоди за победа на Манчестер Сити од 2-1.
Одбраната на Реал Мадрид вклучувајќи ги играчите и од средниот ред направи уште неколку сериозни киксови, но Сити не ги искористи.
На крајот заслужена победа на Манчестер Сити кој во четвртфиналето ќе игра против Лион кој направи изненадување откако го елиминираше Јувентус.