Реал на Ливерпул му нуди милион евра за да го пушти Александер-Арнолд порано!

by riste
1 минути читање

Трент Александер-Арнолд вчера соопшти дека заминува од Ливерпул, негова следна дестинација ќе биде Реал Мадрид.

Неговиот договор со црвените истекува на 30. јуни по што тој како слободен фудбалер треба да се пресели на Бернабеу.

Но, Реал Мадрид сака да преговара со Ливерпул за порано да го добие Арнолд со цел тој да настапи на Светското клупско првенство кое започнува од 14 јуни.

Се верува дека договор меѓу двата клуба може да биде постигнат за милион евра.

Ливерпул нема што да загуби, бидејќи Арнолд ќе нема обврски со нив, само ќе му биде активен договорот, па за тој да биде прекинат неколку дена порано црвените ќе може да инкасираат милион евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани