132
„Кралевите“ го соопштија четвртото засилување за новата сезона, по Фран Гарсија, Брахим Диаз и Џуд Белингем, во Мадрид пристигнува Хоселу.
33 годишниот напаѓач е позајмен од Еспањол, со опција за перманентен трансфер. Реал Мадрид ќе плати 500.000 евра за позајмицата, додека пак опцијата за перманентен трансфер чини 1,5 милиони евра.
Хоселу е шпански репрезентативец и пред неколку дена го постигна победоносниот гол за „фуријата“ против Италија во полуфиналето во Лигата на нации. Напаѓачот погоди и во пенал серијата против Хрватска и помогна Шпанија да стигне до златото.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.