Реал Мадрид уште еднаш го победи Ливерпул, историски успех за Наполи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул не успеа да направи изненадување на Сантијаго Бернабеу, Реал Мадрид беше подобар и на вториот натпревар, создаде повеќе шанси за гол, а искористи само една.

Единствениот погодок на мечот се случи во 79. минута кога по асистенција од Винисиус, Бензема постигна гол за победа од 1-0.

Во Неапол беше поефикасно. Резултатот беше отворен во судиското продолжение од првиот дел кога Осимен скокна високо со глава и донесе водство од 1-0.

По осум минути игра во второто полувреме, Осимен постигна уште еден гол за зголемена предност на Наполитанците од 2-0, а конечните 3-0 ги постави Зиелински од пенал.

Елмас во игра влезе во 74. минута на местото од Кварацхелија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани