Реал Мадрид свика итен состанок поради ситуацијата во Барселона

by
2 минути читање

Обинителството поднесе пријава. Сомнителни се исплати кон поранешниот потпретседател на судискиот комитет, Еникез Негреира кој добил околу 7,3 милиони евра во период од 2001 до 2018 година.

Не само во Шпанија, Барселона може да биде казнета и во Европа. УЕФА внимателно го следи случајот и постои можност каталонскиот тим да биде исфрлен од Лигата на шампионите со цел да не се наруши имиџот на најсилното европско натпреварување.

Во Шпанија се шпекулира за различни казни, од одземање на бодови до исфрлување на клубот во втората лига.

Скандалот е толку голем, што и Реал Мадрид објави дека утре ќе има состанок на кој ќе го дефинира својот став.

„Со оглед на обвиненијата кон ФК Барселона и двајца нивни претседатели (Хозе Марија Бартомеу и Сандро Росел) и ивниот однос со поранешниот потпретседател на Судискиот технички комитет, Хозе Марија Енрикез Негреиро, претседателот Флорентино Перез повика итен состанок на управниот одбор. Состанокот е утре, недела 12ти март од 12.00 часот“, стои во соопштението.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани