65
Иако победата беше обезбедена со пресврт во второто полувреме, Реал Мадрид заслужи да дојде до неа бидејќи имаше многу повеќе шанси од Алмерија.
Домаќините поведоа уште во шестата минута од мечот со гол на Рамазани и долго време ја одржуваа предноста.
Реал Мадрид успеа да изедначи во 61. минута кога една топка дојде до Лукас Васкез, а тој ја смести во мрежата на противникот.
Интересно беше во 75. минута, Реал Мадрид доби слободен удар, Алаба во тој момент влезе во игра и го изведе прекинот, со прекрасен удар постигна гол за водство и победа од 2-1. Тоа беше првиот допир на Алаба на топката на мечот.