175
Кралскиот клуб стигна до очекуваната победа против Мајорка, нашиот фудбалер Александар Трајковски остана на клупата на гостинскиот тим.
Резултатот беше отворен уште во 19. минута кога по асистенција од Модриќ, Винисиус погоди за водство на Реал Мадрид од 1-0.
Во 56. минута Серхио Рамос постигна маестрален гол од слободен удар за конечна победа на Реал Мадрид од 2-0.
Ова беше 118 гол на Серхио Рамос во кариерата иако е централен дефанзивец.