Реал Мадрид се префрли од Ауди на БМВ

by
0 минути читање

Ауди беше еден од главните спонзори на Реал Мадрид од 2003 година, но од 1 јули нема веќе да биде дел од кралскиот клуб. Договорот им истекува на 30 јуни и двете страни одлучи да не ја продолжат соработката.

Но, заминувањето на Ауди не значи спонзор помалку за Реал Мадрид, според „Марка“, постигнат е договор со БМВ кој треба да биде објавен следниот понеделник.

Се уште не се познати деталите од договорот меѓу Реал Мадрид и БМВ, повеќе информации се очекуваат по официјалната промоција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×