Реал Мадрид сака да го засили нападот со хрватски ветеран од Осасуна?

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид испратил официјална понуда до Осасуна за хрватскиот голгетер Анте Будимир, пренесуваат шпанските медиуми. На „Сантијаго Бернабеу“ гледаат идеална замена за Хоселу токму во 33-годишниот напаѓач, кој блескаше во дресот на тимот од Памплона изминатата сезона.

Според „Спорт“, понудата веќе стигнала до Осасуна – Будимир би заработувал три милиони евра по сезона, а се водат преговори околу висината на отштетата. Клаузулата за раскин на договорот изнесува осум милиони евра, но останува да се види дали тоа ќе биде и конечниот износ. Како дел од зделката, можно е и некој од играчите на Кастиља да се пресели на позајмица во редовите на Осасуна.

Интерес за Будимир покажале уште неколку клуба – Бетис, Реал Сосиедад, Рома и Јувентус, но „кралскиот клуб“ е во водство во трката за неговиот потпис.

Хрватот минатата сезона испиша историја – со 21 погодок во Ла Лига стана најдобар стрелец на Осасуна во домашниот шампионат, а вкупно запиша 24 гола на 42 натпревари во сите натпреварувања. Повеќе голови од него имаа само Мбапе и Левандовски, а Будимир беше директно заслужен за 44% од сите погодоци на тимот.

Како што претходно објави „Ел Чирингито“, Будимир е прв на листата на можни наследници на Хоселу, а меѓу имињата кои се разгледуваат се и Душан Влаховиќ, Патрик Шик, Ник Волтемаде и Жан-Филип Матета.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×