Белингем има повреда на рамото поради која ги пропушти натпреварите на Реал Мадрид против Брага и Валенсија. Тој е клучниот фудбалер на кралскиот клуб оваа сезона.
Англичанецот пристигна во репрезентативниот камп, а од таму сметаат дека тој ќе може да биде дел од составот за дуелите против Малта и Македонија.
Селекторот Саутгејт ослободи тројца фудбалери поради повреда, Медисон, Данк и Вилсон, но не и Белингем.
Ваквиот тврд став на Англија може да создаде војна со Реал Мадрид. Кралскиот клуб јавно порача дека Белингем е повреден и не може да игра.
„Доколку Џуд не може да игра за нас, тогаш не може ниту за Англија“, изјави Анчелоти по мечот со Валенсија кој Реал Мадрид го доби со 5-1.
Англиските доктори сакаат таму да ја следат ситуацијата на Белингем и се надеваат дека тој ќе биде подготвен барем за дуелот со Македонија.
Во таборот на Реал Мадрид пак се надеваат дека ќе добијат повик од Англија за враќање на Белингем и тој да ја продолжи рехабилитацијата во нивниот тренинг центар. Засега најава за такво нешто нема.
Англија во петок игра против Малта, а три дена подоцна гостува во Скопје. Овие два меча резултатски не се важни за Англичаните кои веќе го визираа местото на Европското првенство.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.