1,1K
Дел од медиумите во Шпанија објавија дека Реал Мадрид сериозно размислува за ангажман на дефанзивецот, Страхиња Павловиќ.
Српскиот стопер прикажа одлични настапи сезонава и го привлече вниманието на неколку гиганти, но се наведува дека Реал Мадрид е најсериозен.
Анчелоти се соочува со проблеми со повредени фудбалери во одбраната, а Павловиќ сигруно добро би му дошол во неговиот ростер.
Павловиќ во Милан пристигна од Салзбург за сума од 18 милиони евра и според најавите „росонерите“ сега може да го продадат за двојно повеќе.
Кариерата Павловиќ ја започна во Партизан, потоа беше дел од Монако, Серкл Бриж и Салзбруг. За репрезентацијата на Србија вкупно собра 43 настапи.