185
Како што пренесува Кадена СЕР, Реал Мадрид го продаде Родриго и поставил цена од 90 милиони евра за услугите на Бразилецот.
Родриго подолго време е дел од трансфер шпекулациите, често се пишува дека напаѓачот ќе го напушти Реал Мадрид откако падна во втор план зад триото Мбапе-Винисиус-Белингем.
Кадена СЕР попладнево објави дека Бразилецот е на продажба и „кралевите“ поставиле цена од 90 милиони евра.
Премиерлигата се посочува како можна дестинација, каде Арсенал пројавува интерес, а во минатото во игра беа и Пеп Гвардиола со Манчестер Сити.
Со продажбата на Родриго, Флорентино Перез планира да донесе фудбалер од средниот ред, засилување на кое инсистира тренерот Чаби Алонсо.