129
Мартин Зубименди беше блиску до трансфер во Арсенал, но шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид може да го предомисли репрезентативецот на Шпанија.
Беше речиси готов трансферот на Зубименди од Реал Сосоедад во Арсенал, но договорот уште не е потпишан.
Сега „Марка“ пишува дека Зубименди добил повик од Реал Мадрид и тоа може да го расипе неговото заминување во Арсенал.
Наводно кралскиот клуб му доставил понуда, а за Шпанец е голема привилегија кога ќе се јави некој од Реал Мадрид или Барселона, па ќе му биде тешко на Арсенал да се бори со овој противник.
Ситуацијата е отворена, уште е неизвесно дали Зубименди ќе го стави својот потпис на договор со Арсенал или со Реал Мадрид.