Реал Мадрид подготвен да го продаде фудбалерот од 100 милиони евра

by Стефан
1 минути читање

Бразилскиот офанзивец на Реал Мадрид, Родриго, се најде под жестоки критики поради неубедливите настапи сезонава, а шпанските медиуми пренесуваат дека „кралскиот клуб“ е подготвен да го пушти од „Сантијаго Бернабеу“ доколку пристигне соодветна понуда летово.

Иако на почетокот на сезоната доби доверба од тренерот Карло Анчелоти, учинокот на Родриго остана под очекувањата. Со само четири постигнати голови во 30 одиграни натпревари, неговото влијание врз играта значително опадна, што резултираше со ограничена минутажа во клучните средби.

Анчелоти, според извори блиски до клубот, не е задоволен од формата на Бразилецот, а незадоволство изразија и навивачите, кои сè погласно бараат промени. Дел од нив сметаат дека евентуалната продажба би била најдобро решение и за клубот и за фудбалерот.

Реал Мадрид е подготвен да влезе во преговори со заинтересирани клубови, но нема да прифати понуда под пазарната вредност на Родриго, која според „Трансфермаркт“ изнесува 100 милиони евра.

Фото: Real Madrid C.F

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани