Реал Мадрид по 34. пат стана шампион на Шпанија! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид денеска стана шампион на Шпанија, кралскиот клуб со победа ја завери големата титула.

Тие поведоа со гол на Бензема во 29. минута од натпреварот. Во 77. минута добија контроверзен пенал кој се обидоа да го реализираат на посебен начин, со додавање на Рамос кон Бензема, но откако не им успеа добија уште една шанса која ја реализираше Бензема за предност од 2-0.

Ибора во 83. минута го врати Виљареал во игра намалувајќи на 2-1. А Реал Мадрид постигна и трет гол до крајот преку Асенсио, кој беше поништен од ВАР поради играње со рака.

Барселона загуби на свој терен од Осасуна иако имаше играч повеќе. Осасуна поведе со гол на Хозе во 15. минута, а Меси во 62. го изедначи резултатот.

Енрик во 77. минута доби црвен картон само шест минути откако влезе во игра, Барса имаше играч повеќе, но Торес во 94. минута донесе триумф на Осасуна.

Барди даде два гола во победата на Леванте на гостувањето кај Селта од 3-2.

Атлетико Мадрид со голови на Љоренте и Томас дојде до победа од 2-0 кај Хетафе.

Мајорка со 2-1 изгуби од Гранада и испадна од Примера. Бетис со истиот резултат загуби на свој терен од Алавес. Реал Сосиедад и Севиља одиграа без голови, Валенсија со 1-0 го совлада Еспањол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×