Утринава во „Кориере дело Спорт“ се појави вест во која се тврди дека Реал Мадрид бара нови гаранции од Интер за исплата на трансферот на Хакими кој е договорен да се исплаќа на четири рати по 10 милиони евра.
Но кралскиот клуб брзо излезе со соопштение во кое ги негира таквите написи.
„Во врска со информацијата објавена од „Кориере дело Спорт“ за наводната тензија меѓу нашиот клуб и Интер, Реал Мадрид сака да соопшти дека таквата информација е лажна.
Реал Мадрид во ниту еден момент не поставил наводно барање за гаранции од Интер како што се наведува во текстот. Условите за трансфер на играчот во Интер се во рамките на вообичаените и нормални договорени односи меѓу двата клубови. Реал Мадрид со Интер секогаш одржувал и одржува одлични односи како историски клуб и пријател“, стои во соопштението на Реал Мадрид.