Реал Мадрид не ни помислува на Мбапе, кралскиот клуб има други трансфер цели

by
1 минути читање

Поминаа само неколку месеци откако го потпиша мега договорот со ПСЖ, кога Килијан Мбапе го расипа односот со раководството на францускиот клуб.

Тој очигледно не ја доби моќта која ја посакуваше, а многу од фудбалерите му го свртеа грбот поради неговото арогантно и себично однесување на теренот и надвор од него.

Мбапе блеска на терените во Катар, па на социјалните мрежи се разви дебата меѓу фановите на Реал Мадрид дали треба да го обноват интересот за напаѓачот. Некои сметаат дека Флорентино Перез треба да премине преку тоа што го направи Мбапе и повторно да се обиде да го донесе, други се на ставот дека клубот е поголем од Французинот, а тој со неговото однесување не заслужи да биде дел од него.

Мадридскиот весник „АС“ дознава дека раководството на клубот не ни размислува повторно да се обиде да го донесе Мбапе. Тие се чувствуваат изневерено од него откако тој веќе имаше пред-договор со нив и не го испочитува.

Реал Мадрид има други планови. Во следниот летен преоден рок ќе се впуштат во трката по Џуд Белингем за кој интерес има и од речиси сите гиганти од Премиерлигата.

А во 2024 година Реал Мадрид ќе тргне по Ерлинг Халанд кој во импресивна форма ја почна сезоната во Манчестер Сити.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани