234
Тие три позиции се пополнети од Милитао, Винисиус и Родриго, тројца многу важни фудбалери на Реал Мадрид кои сигурно нема да си заминат ова лето.
Ситуацијата ќе се промени во јануари бидејќи тогаш ќе им заврши процедурата за добивање на шпански пасоши и ќе имаат двојни државјанства па ќе можат да бидат регистрирани како домашни играчи.
Ваквата ситуација е проблем за младите играчи Кубо и Реиниер кои исто така немаат пасош на земја од ЕУ и ќе мора да бидат дадени на позајмица.
Ова го исфрла Реал Мадрид од трка за Габриел Жесус кој се поврзуваше со кралскиот клуб. Тој има само бразилски пасош па во моментов е невозможно да пристигне на Бернабеу.