Реал Мадрид на местото на Раул назначи уште една своја легенда

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид го именуваше Алваро Арбелоа за нов предводник на својот втор тим, Кастиља, откако клубот потврди дека се разделува со досегашниот тренер Раул Гонзалес.

Поранешниот дефанзивец одигра 238 натпревари за првиот тим на „кралевите“, со кои освои и две титули во Лигата на шампионите. По пензионирањето, Арбелоа не го напушти фудбалот, напротив, веднаш премина во тренерските води како дел од академијата на мадридскиот гигант.

Започна со селекцијата до 13 години, потоа го презеде тимот до 15 години, а од 2022 година успешно го водеше младинскиот состав, при што остави одличен впечаток.

Со оваа одлука, Реал уште еднаш ја потврдува својата стратегија да им укаже доверба на поранешни фудбалери ја разбираат неговата филозофија .

Фото: Real Madrid C.F/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани