Реал Мадрид може да изненади со последното засилување ова лето

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Реал Мадрид би можел да го ангажира 19 годишниот Серхио Мартинез од Расинг Сантандер, момчето има откупна клаузула од само 3 милиони евра.

„Кралевите“ ова лето инвестираа преку 220 милиони евра во ангажман на Јан Диоманде, Марк Кукуреља, Карлос Еспи и Дензел Дамфрис, плус како слободни играчи пристигнаа Ибрахима Конате и Бернардо Силва.

Се најавуваше и трансфер на Родри, но Шпанецот во последен миг се предомисли и потпиша за Барселона.

Низ медиумите има многу шпекулации за тоа дали Реал Мадрид ќе ангажира нов фудбалер од средниот ред, а Жозе Мурињо вели дека се е можно до крајот на преодниот рок.

„Не велам дека нема да има повеќе трансфери, бидејќи преодниот рок е отворен. Но ако ме прашате дали за мене преодниот рок е завршен, одговорот е „Да, тој е завршен““ – рече тренерот на Реал Мадрид.

Но како што пренесуваат медиумите од Шпанија, „кралевите“ можат да изненадат со последното засилување ова лето и да го ангажираат Серхио Мартинез од Расинг Сантандер.

19 годишното момче, кое постигна гол во воведното коло од Ла Лига, има откупна клаузула од само 3 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×