Реал Мадрид лидер во Шпанија по бројот на досудени пенали од воведувањето на ВАР – сезонава немало ниту еден против „кралевите“

by Стефан
1 минути читање

По 22 натпревари во шпанската Примера, Реал Мадрид е единствената екипа против која не е досуден пенал во првенството на Шпанија.

Од друга страна во корист на „кралевите“ се досудени десет пенали во првите 22 натпревари, а два не ги реализираа, додека Барселона и Атлетико Мадрид не се прославија кога е овој сегмент во прашање.

За Барселона се досудени четири пенали и три против каталонскиот гигант, додека за „јорганџиите“ се досудени два за и исто толку против.

Кога во прашање се податоците за досудени пенали од воведувањето на ВАР од сезоната 2018/2019, Реал Мадрид е далеку пред сите.

Имено за „кралевите“ се досудени дури 61 пенал ,а против нив истовремено имало 31 најстрога казна. За Барселона се досудиле 43 пенали и 25 против.

Во тој период за Атлетик беа досудени 33 пенали и три помалку против нив. Кога во прашање е се погодоците признати по реакција на ВАР собата и тука Реал Мадрид е во предност. На сметка на Реал биле признати 25 голови откако ВАР реагирал, додека против „кралевите“ биле признати само седум гола.

ВАР на Барселона и признал 12 голови и десет против нив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани