Реал Мадрид лесно се справи со Осасуна, два гола на Винисиус, три асистенции на Валверде (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Винисиус му донесе водство на Реал Мадрид уште во четвртата минута од мечот, но само три минути подоцна Будимир го изедначи резултатот на 1-1.

Во 18. минута по асистенција на Валверде Карвахал даде гол за водство на Реал Мадрид од 2-1. Со тој резултат се замина на одморот.

За три минути Валверде направи уште две асистенции, најпрво во 61. минута за Диаз, а потоа во 64. минута за Винисиус. Реал Мадрид дојде до убедливо водство од 4-1.

Во судиското продоление Муњоз постигна гол за Осасуна за конечен резултат од 4-2.

Пред последниот свиреж на судијата Арда Ѓулар можеше да постигне спектакуларен гол, но неговиот шут од центарот заврши во пречката од голот на Осасуна.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×