Реал Мадрид ќе плати 10 пати повеќе од планираното за веднаш да го добие Александер Арнолд

by bojan
1 минути читање
Арнолд

Како што пренесува Ел Чирингито, Реал Мадрид ќе плати 5 милиони евра веднаш да го ангажира Трент Александер Арнолд и да го има десниот бек на располагање за Светското клупско првенство.

„Кралевите“ сакаат Трент Александер Арнолд да му се стави на располагање на тренерот Чаби Алонсо за Светското клупско првенство, па се обидуваат да пронајдат заеднички јазик со Ливерпул наместо да чекаат неговиот договор да истече на 30. јуни.

Реал Мадрид се надеваше дека 500.000 евра ќе бидат доволни за „црвените“ да се разделат со десниот бек, но клубот од Енфилд експресно го одби овој предлог.

Како што пренесува Ел Чирингито, Реал Мадрид ќе мора да плати 10 пати повеќе од планираното за Трент Александер Арнолд веднаш да се пресели на „Бернабеу“.

Сумата потребна за реализирање на трансферот е 5 милиони евра, парите наскоро ќе бидат префрлени на сметката на Ливерпул и Англичанецот ќе може да го облече белиот дрес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани