19-годишниот Белингем ќе биде целта број еден на Реал Мадрид во летниот преоден рок и кралскиот клуб веќе почна да работи на негов ангажман.
Претставниците на Реал Мадрид сакале да му објаснат на Белингем дека тој е еден од клучните фудбалери во стратегијата за подмладување на тимот. Кралскиот клуб во изминатите години сериозно работи на тоа, ги купи Чуамени, Винисиус, Валверде, Родриго…
Реал Мадрид е подготвен да понуди 140 милиони евра за Белингем, од кои 100 милиони евра фиксно плус 40 во бонуси.
Ова е само прв чекор на Реал Мадрид, во наредниот период се очекува преговорите да се интензивираат бидејќи клубот е свесен дека имаат конкуренција и од другите клубови.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.