Клубовите од
Саудиска Арабија се најактивни на трансфер пазарот ова лето, со огромна
финсиска поддршка од државата успеаја да привлечат еден куп звучни имиња.
Ал Хилал денеска
го собори рекордот и го ангажираше Нејмар, но клубот од Ријад нема да застане
тука и мерка уште неколку фудбалери.
Голем број на
извори пренесуваат дека паднал договор за трансфер на Јасин Боно.
Голманот ова лето
беше мета на неколку клубови како Реал Мадрид и Баерн Минхен, но тие не сакаа
да платат 20 милиони евра колку што бараше Севиља.
Оваа сума
очигледно не е проблем за Ал Хилал, па Јасин Боно ќе ја продолжи кариерата во
Саудиска Арабија.
Се говори дека
тој ќе стави потпис на тригодишен договор и ќе заработува околу 15 милиони евра
по сезона, што е многу повеќе од платата која ја има во моментов.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.