Мајорка беше тимот кој поведе со 1-0, Муричи со глава постигна гол за предноста на својот тим во 35. минута од натпреварот.
Во судиското продолжение од првото полувреме Валверде изведе еден фантастичен соло продор од својата половина и постигна гол за израмнување на 1-1.
Мајорка добро се бранеше, па пресвртот се случи дури во 73. минута кога по едно додавање од Родриго, Винисиус постигна гол за водство на Реал од 2-1.
Во 89. минута Родриго постигна мајсторски гол за предност од 3-1, тука беа решени сите дилеми околу победникот.
Во судиското продолжение Ридигер го постигна својот деби гол за Реал Мадрид за победа од 4-1.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК